|
Проштална средба со амбасадорот на Република Куба, Н.Е. г-ѓа Тересита де Хесус Капоте Камачо
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Република Куба во Република Македонија со седиште во Софија, Н.Е. г-ѓа Тересита де Хесус Капоте Камачо.
На средбата, претседателот Иванов се изрази задоволство од досегашната соработка со амбасадорката, и од нејзиниот придонес и ангажман во унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете земји.
Заедничка констатација на средбата, беше дека соработката меѓу двете земји во наредниот период треба да биде насочена кон интензивирање на економијата, како и на соработката во областа на културата, образованието, науката и на здравството, за што е неопходно да се пристапи кон уредување на правната рамка.
На интерес на претседателот Иванов, амбасадорката Тересита, го запозна со актуелните состојби во Куба, со промените во економската сфера што Куба ги прави во моментов, со детали за законот за странски инвестиции усвоен неодамна од Парламентот на Куба, како можност за развивање на економската соработка.
|