Честитка до Н.Е. г. Дејвид Џонстон, Генерален гувернер на Канада, по повод Националниот празник на Канада
Вторник, 01 Јули 2014   

PRMportret2Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Канада, упати честитка до Н.Е. г. Дејвид Џонстон, Генерален гувернер на Канада


Ваша Екселенцијо,

По повод Националниот празник на Канада, ми претставува особена чест и големо задоволство, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најискрени честитки и срдечни желби за просперитет на Вашата држава, како и за благосостојба на пријателскиот народ на Kанадa.

Ја користам оваа свечена пригода за да го нагласам своето задоволство од исклучително позитивниот развој на односите и континуираниот политички дијалог, како и плодната соработка меѓу нашите две држави во повеќе области од заемен интерес, коишто го потврдуваат традиционалното пријателство што заемно нè поврзува.

Воедно, би сакал да ја искажам својата длабока увереност дека во претстојниот период нашите билатерални односи ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, отворен и конструктивен дијалог на заемно разбирање и доверба, како и со поцврсти економски релации.

Дозволете ми да ја искажам и големата благодарност за досегашната цврста и принципиелна поддршка од Вашата држава на заложбите на Република Македонија за што поскоро целосно интегрирање во евроатлантските структури, за која искрено се надевам дека ќе продолжи со несмален интензитет и во претстојниот период.

Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа и добро здравје, Ви ги упатувам, Ваша Екселенцијо, изразите на моето највисоко почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад