|
Телеграма со сочувство до претседателот Ѓул по повод големата рударска несреќа во Турција
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати телеграма со сочувство до претседателот на Република Турција, г. Абдула Ѓул, а по повод големата рударска несреќа во западна Турција.
Почитуван господине Претседателe,
Со длабоко жалење ја примив веста за тешката рударска несреќа во западна Турција, покрај местото Маниса, и длабоко жалам за изгубените животи и настраданите во оваа голема трагедија. Во овие мигови на жалост, кога нема соодветни зборови што ќе ја намалат Вашата и тагата на пријателскиот турски народ, во свое име и во име на граѓаните на Република Македонија, упатувам изрази на најдлабоко и искрено сочувство. Нашите молитви се со Вас и со семејствата на настраданите. Ве молам, господине Претседателe, изразите на најдлабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на настраданите во оваа тешка несреќа.
д-р Ѓорге Иванов
|