Честитка до претседателот на НР Кина, г. Си Џипинг, по повод Кинеската Нова година
Петок, 31 Јануари 2014   

chinaПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Кинеската Нова година, упати честитка до Претседател на Народна Република Кина, Н.Е. г. Си Џипинг.

Ваша Екселенцијо,

Ми претставува особена чест и задоволство во мое имe и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви ја честитам Кинеската Нова година, со најискрени желби за успешна година и благосостојба на вашата голема држава и пријателскиот кинески народ.

Дозволете ми во оваа свечена пригода да го изразам своето уверување дека одличните односи и соработката меѓу Република Македонија и Народна Република Кина кои ги красат искрено пријателство, меѓусебна доверба и разбирање, ќе продолжат да бележат успешен развој и ќе бидат збогатени со нови содржини, за што ја повторувам нашата целосна подготвеност.

Ваша Екселенцијо, сеќавајќи се на нашата срдечна средба сакам уште еднаш да Ве уверам дека граѓаните на Република Македонија и јас, лично, секогаш ќе бидеме благодарни за принципиелната и континуирана поддршка од Народна Република Кина.

Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад