Честитка до претседателот Наполитано по повод Националниот празник на Италијанската Република
Недела, 02 Јуни 2013   

Почитуван господин претседател,

Имам особена чест и задоволство, по повод Националниот празник на Италијанската Република, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја и натамошна благосостојба на граѓаните на Италија.

Дозволете ми, во оваа свечена пригода, да ја изразам мојата увереност дека добрите односи и разбирање меѓу нашите две пријателски држави ќе продолжат успешно да се развиваат и во иднина. Посебно сакам да го нагласам интересот на Република Македонија за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка во сите сфери од заеднички интерес.

Посакувајќи Ви натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам, Ваша Екселенцијо, изразите на моето високо почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад