|
Честитка до Претседателот Кaролос Папуљас по повод Националниот празник на Република Грција
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати честитка до Претседателот на Република Грција, Кaролос Папуљас по повод Националниот празник на Република Грција.
Ваша Екселенцијо,
Би сакал од името на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Националниот празник на Република Грција со најубави желби за натамошен просперитет на Вашата земја и благосостојба на Вашиот народ.
Дозволете, во оваа убава прилика, да ја нагласам цврстата определба на Република Македонија за унапредување на добрососедските односи и соработката со Вашата земја, што е во интерес на граѓаните на нашите две земји. Сметам дека можеме да бидеме задоволни што нашите две општества и економии успешно соработуваат. Она што ние, како претседатели, и нашите влади, имаме обврска и одговорност е да ја охрабруваме и да создаваме уште поповолни услови за севкупна соработка, за што постојат одлични потенцијали. Ние сме целосно подготвени.
Воедно, би сакал да го истакнам своето длабоко убедување, дека со заеднички напори ќе дадеме значаен придонес во остварувањето на заедничката визија за мир, стабилност, просперитет и благосостојба во регионот како дел од големото европско и евроатлантско семејство.
Со такво убедување, честитајќи Ви го уште еднаш Националниот празник, Ви ги упатувам, почитувана Екселенцијо, изразите на моето највисоко почитување.
д-р Ѓорге Иванов
|