| Средба со кинеска делегација предводена од заменик началникот на провинцијата Сичуан, Веј Хонг | |
|
|
На средбата со кинеската делегација, која престојува во работна посета на Република Македонија, беше изразено задоволство од постојаниот позитивен тренд во политичките односи меѓу двете земји и од соработката во сферата на економијата, трговијата и инвестициите. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија посветува особено внимание на развојот на односите со НР Кина и ја цени нејзината мирољубива надворешна политика и позитивна улога во Азија и во светот. Воедно, македонскиот претседател се заблагодари за безусловната поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и унитарност на Република Македонија, а посебно за принципиелната употреба на уставното име во билатералните односи и на меѓународен план. Во однос на економијата, претседателот Иванов ја потврди подготвеноста на Република Македонија за унапредување и интензивирање на економските односи, засилување на економската соработка, зголемување на трговската размена и соработка на полето на инвестициите. Во овој контекст, претседателот Иванов се заблагодари и за континуираната техничка помош и грантови од НР Кина, за проекти во областа на образованието и здравството. Соговорниците констатираа дека континуираниот политички дијалог на највисоко ниво, придонесува кон уште поголемо унапредување и продлабочување на билатералната соработка.
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Вила Билјана во Охрид, ја прими делегацијата од Народна Република Кина, предводена од г. Веј Хонг, Заменик началник на провинцијата Сичуан.










