Јавен повик за доставување на пријави за избор на „Најдобар млад научник“ за 2013 година
Среда, 15 Мај 2013   

BachevaПризнанието „Најдобар млад научник“ го доделува Претседателот на Република Македонија, како поттик на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што во тековната календарска година навршиле 30 години, а кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Услови за конкурирање:

• добиена меѓународна награда за научно-истражувачка дејност,
• добиено меѓународно признание за научно-истражувачка дејност,
• добиено домашна награда за научно-истражувачка дејност,
• добиено домашно признание за научно-истражувачка дејност,
• објавени резултати од научно истражување во релевантно меѓународно списание,
• објавени резултати од научно истражување во релевантно домашно списание,
• применетост на резултатите од научното истражување.

Доказ за исполнување на еден или повеќе од условите:

• Биографија
• Реализирани проекти во 2013 година со кои конкурираат,
• Доказ за државјанство на Република Македонија

Материјалите да се достават во еден печатен и еден електронски примерок (CD).

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.

Документите да се достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2013 година на адреса:

Кабинет на Претседателот на Република Македонија 
Комисија за „Најдобар млад научник“
 „Вила Водно“ – ул. Ацо Караманов, 33А
МК-1000 Скопје


  Back<<Назад