| Сочуство до албанскиот претседател Топи за загинатите албански војници во Авганистан | |
|
|
Со длабока тага ја примив веста за терористичкиот напад над војниците од Република Албанија кои се дел од меѓународната мисија ИСАФ, во селото Робат, во провинцијата Кандахар, и искрено жалам за жртвите. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, нашите молитви се со Вас и со семејствата на настраданите. Сакам да Ве уверам дека Република Македонија, како партнер и сојузник во антитерористичката коалиција продолжува да придонесува во мисијата ИСАФ, споделувајќи ја визијата за слободен и демократски свет, но и ризикот, рамо до рамо со мировниците од Вашата земја. Ве молам, Ваша Екселенцијо, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Макеоднија д-р Ѓорге Иванов упати писмо со сочуство до својот колега, претседателот на Република Албанија, Бамир Топи, по повод нападите врз албанските војници, дел од мисијата ИСАФ во Авганистан.










