Чествување на Христовото Воскресение – Велигден во храмот „Св. Великомаченик Георгиј“ во Охрид
Недела, 28 Април 2019   

PRM_Izjava_veligdenПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со сопругата г-ѓа Маја Иванова и синот Иван, присуствуваа на Светата Златоустова литургија во храмот „Св. Великомаченик Георгиј" во Охрид, по повод празникот Воскресение Христово – Велигден.

По Светата Златоустова литургија македонскиот претседател на сите верници им го честиташе најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден.

„Од ова наше најсвето место, од нашиот православен Ерусалим на сите верници им го честитам овој голем христијански празник Велигден, со традиционалниот поздрав Христос Воскресна – Навистина Воскресна“, рече претседателот Иванов.

Празниците, додаде македонскиот претседател, се денови кога сме заедно со најблиските, кога славиме, кога се радуваме и воздигнуваме.

„Посакувам во текот на целата година сите граѓани на Република Македонија да бидат сплотени, да бидат заедно и да ги пребродат сите предизвици со кои се соочуваат во животот. Посакувам се најубаво за сите, да сме сплотени, заедно да мислиме за се она што доаѓа и што го оставаме во наследство за нашите поколенија", рече претседателот Иванов, по Светата Златоустова литургија во храмот „Св. Великомаченик Георгиј" во Охрид.

  Back<<Назад