Претседателот Иванов му го врачи мандатот за состав на Влада на м-р Никола Груевски
Вторник, 28 Јуни 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на новата Влада на Република Македонија на м-р Никола Груевски, претседател на ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ освои мнозинството на предвремените парламентарни избори одржани на 5 јуни 2011. Согласно уставот на Република Македонија, Претседателот го доверува мандатот за состав на Владата најдоцна во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието. Мандатарот има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот на Собранието да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.
 

  Back<<Назад