|
Претседателот Иванов се сретна со учесниците на Конференцијата „Евро-атланска интеграција на Балканот 2015-2020“ во организација на МНР и Институтот „Аспен“ од Берлин
|
|
|
Во рамки на конференцијата на тема “Евро-атлантската интеграција на Балканот 2015-2020 - Нов трансатлантски дијалог: германски и американски лидери во дијалог со лидерите на Западен Балкан“ која започна вчера во Охрид, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов организираше прием за учесниците на конференцијата во Вила Билјана.
Во оваа прилика и во неформална атмосфера Претседателот Иванов се сретна и поразговара со истакнати личности од Германија, Австрија, САД, како и од соседните држави и од регионот - претставници на меѓународни и развојни организации, министри, парламентарци, професори.
Конференцијата која ќе трае до 17 јуни е организирана од Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Институтот “Аспен“ од Берлин, СР Германија. Темите на дискусија се поврзани со интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ и НАТО, трансатлантската соработка, предизвиците на регионалната и глобалната безбедност, како и околу придонесот на земјите од Регионот за нејзино консолидирање на Балканот и во Европа.
|