Претседателот Иванов од Варшава порачува: Aпсењето на Младиќ е доказ дека регионот расчистува со мрачното минато
Петок, 27 Мај 2011   

alt„Апсењето на Младиќ укажува дека конечно нашиот регион расчистува со мрачното минато и претствува еден сосема позитивен сигнал дека регионот се движи кон Европската унија и сака да ги ужива сите привилегии од членството во Унијата,“ изјави македонскиот претседател д-р Ѓорге Иванов во врска со вчерашното апсење на осомничениот воен злосторник Ратко Младиќ.

Воениот лидер на босанските срби Младиќ беше уапсен вчера во Србија, откако долги години се криеше од меѓународното правосудство. Против него се покренати обвиненија за геноцид и други воени злосторства, а се очекува и негова екстрадиција во Меѓународниот трибунал во Хаг. Аспењето на Ратко Младиќ претставуваше еден од предусловите за напредок на Србија во евроитеграциските процеси

Македонскиот претседател д-р Ѓорге Иванов денеска и утре учествува на 17-тиот Состанок на претседатели од Централна Европа што се одржува во Варшава. На состанокот, на кој учествуваат претседатели на 22 држави, се разговара за актуелните политички и економски проблеми и предизвици во земјите од централно-европскиот регион, но и за глобалните политички прашања на европскиот континент и пошироко.
 

  Back<<Назад