| Средба на претседателот Иванов со организаторите и уметниците кои ќе го отворат фестивалот „Охридско лето“ | |
|
|
Во пресрет на утрешното отворање на „Охридско лето", македонскиот претседател изрази задоволство од годинешната програма, посочувајќи дека овој фестивал дава исклучителен придонес за промовирање на македонската култура во светот, како и на најзначајните светски културни достигнувања пред македонската публика. На средбата, организаторите на фестивалот го информираа претседателот Иванов за текот на подготовките и за новиот, збогатен концепт на фестивалот „Охридско Лето" во кој се воведени повеќе музички жанрови и содржини, но сепак преовладува сериозната музика како негов главен белег. Во програмата на 57. издание на „Охридско лето“ се содржани над 40 музички настапи на домашни и странски уметници, 10 театарски претстави и повеќе изложби. Република Македонија ќе биде домаќин на над 300 врвни уметници, изведувачи и автори од 20 земји од целиот свет, од Кина, Индонезија, САД, Холандија, Италија, Руската Федерација, Австрија, Канада, Полска, Шпанија, Грција, Црна Гора, Хрватска, Турција, Бугарија, Романија, Данска, Ерменија и други земји. Манифестацијата „Охридско лето" традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија.
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана" во Охрид ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето", и 











