ЕУ-претседавачот Унгарија ја потврди заложбата датумот за старт на преговори со Македонија да се дискутира во Европскиот совет
Четврток, 28 Април 2011   

altПретседателот д-р Ѓорге Иванов денес присуствуваше на средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, но и амбасадорите на државите кандидати за членство во ЕУ, која традиционално ја организира земјата актуелен претседавач со ЕУ, во случајов Република Унгарија. На средбата беа разменети мислења и информации за актуелни теми во Македонија и во ЕУ за отворените прашања и предизвици за земјите кандидати.

Претседателот Иванов, кој потсети на неговата неодамнешна посета на Унгарија, ги повтори ветувањата на унгарското претседателство, на следниот состанок на Европскиот совет да биде поставено и прашањето за отпочнување на преговорите на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ.

Унгарскиот амбасадор во Република Макеоднија, Ференц Кекеши, кој денес беше домаќин на свечениот ручек, уште еднаш ја повтори поддршката на Република Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ за одредувањето датум за старт на преговорите на Македонија со ЕУ да се најде на маса на состанокот на Европскиот совет.
 
„Постојат големи очекувања од унгарското претседавање и од наша страна ние ќе направиме сè. За позитивни резултати ни требаат земјите членки, Брисел и се разбира Македонија. Се надевам дека ќе успееме во тоа. Нашиот премиер е навистина решен да го даде својот максимум,“ рече Амбасадорот Кекеши. 

Ручекот што денес го организираше Амбасадата на Унгарија во РМ за амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Скопје и за македонскиот претседател Ѓорге Иванов, е посебен дел од Деновите на унгарската култура. На менито беа понудени унгарски специјалитети, подготвени од готвачи од Унгарија.
 

  Back<<Назад