|
Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
|
|
|
Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
На церемонијата, присуствуваа ученици од ООУ "Св.Климент Охридски" од општина Кисела Вода, ученици од ООУ "Крсте Мисирков" од општина Гази Баба, како и деца од ЈУДГ "Орце Николов" од општина Карпош, од Скопје.
Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.
Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.
|