|
Средба на претседателот Иванов со претседателот на Парламентот на Унгарија, Ласло Ковер
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска во Будимпешта се сретна со претседателот на унгарскиот Парламент, г. Ласло Ковер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Унгарија, особено во контекст на соработката на парламентарно ниво.
Македонскиот претседател оцени дека Унгарија е важен и потврден партнер на Република Македонија и нејзината интеграција во Европската унија и во НАТО. Тој ја поздрави досегашната соработка меѓу парламентите на двете земји, истакнувајќи дека е во согласност со квалитетот на билатералните односи, и изрази очекување за натамошно унапредување во иднина.
На средбата двајцата соговорници разменија мислења за можностите за продлабочување на соработката и во други сфери од заеднички интерес.
Претседателот Иванов го информираше претседателот на унгарскиот Парламент за причините за политичката криза во Македонија и за можните решенија.
|