|
Присуство на прославата по повод 35-годишното aрхиjерејско служење во МПЦ-ОА на г.Петар
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја посети црквата „Рождество на Пресвета Богородица" во Битола, каде присуствуваше на свечена прослава по повод 35-годишното aрхиjерејско служење во МПЦ-ОА на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски, г. Петар.
Во рамки на свечената прослава беше одржана света архијерејска Златоустова литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, заедно со архијереите на МПЦ-ОА.
Претседателот Иванов присуствуваше и на промоцијата на 18-те тома богослужбени книги, што претставуваат превод од црковнословенски на современ македонски литературен јазик, како и на промоцијата на книгата на митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски, г. Петар, насловена како „Духовната доктрина на св. Климент Охридски".
|