Претседателот Иванов во посета на Штип
Понеделник, 05 Декември 2016   

Stip05122016_1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска престојуваше во посета на Штип.

Македонскиот претседател ја посети касарната „Јане Сандански", каде оствари средба со командантите на баталјоните лоцирани во касарната и беше информиран со актуелните состојби во нивното фунцкионирање. Претседателот Иванов изврши увид на дел од просториите и беше информиран со условите за работа и функционирањето на касарната „Јане Сандански".

За време на посетата на претседателот Иванов на штипската касарна, беше изведена тактичко-техничка вежба, што редовно се реализираат пред упатување на војниците и единиците за справување со мигрантската криза на јужната граница.

За време на посетата на Штип, претседателот Иванов присуствуваше на свечената академија по повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, што се одржа во црквата „Свети Климент".

Stip05122016_2

  Back<<Назад