Да се формираат мешовити комисии за малцинствата во Македонија и во Србија – средба со српскиот премиер Вучиќ
Петок, 28 Октомври 2016   

vucic_prmПретседателот на Република Македонија, д-р  Ѓорге Иванов  денеска се сретна  со  Александар Вучиќ, претседател на Владата на Република Србија за време на работната посета на Република Србија,  во рамки на одбележувањето на 70 годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина

Претседателот Иванов и премиерот Вучиќ изразија задоволство од достигнатото ниво во севкупната соработка и од размената на меѓусебни посети кои се реализираат во периодот кога одбележуваме 20 години воспоставувањето на дипломатски односи и кога двете земји прославуваат значајни јубилеи, оценувајќи дека истите даваат импулс до општествата да соработуваат и да придонесуваат во создавањето на позитивна клима во меѓусебните односи.

На средбата беа разменети информации за состојбите на политички, економски план како и за актуелните состојби во регионот.

На планот на економската соработка беше искажана подготвеност за натамошно продлабочување на соработката, испитување на можностите за заеднички настап на трети пазари, заедничка туристичка понуда и беше поздравена иницијативата и дадена поддршка за одржување на бизнис форумот и формирање на македонски – српски бизнис клуб. Посветеноста на инфраструктурните проекти ќе помогне да се зголеми обемот на трговската размена. Довршувањето на коридорот 10, проектот Дунав-Морава-Вардар беа теми на кои се разговараше.

Во однос на мигрантската криза и безбедносните предизвици беше договорено да продолжи соработката, заеднички настап кон ЕУ во случај на нов мигрантски бран и поинтензивна соработка на безбедносните служби.

Претседателот Иванов на средбата апелираше во најскоро време да се формираат работните групи и одржување на експертски разговори за имплементирање на билатералниот договор за заштита на културно-историските споменици, како и на мешовитата комисија за имплементација на договорните обврски од спогодбата за зашитита на македонското национално малцинство во Србија и на српскиот национално малцинство во Македонија која е на сила од 2005 година.

Македонскиот претседател доби уверување од премиерот Вучиќ дека во најскоро време ќе бидат формирани и работна и мешовита комисија со цел имплементација на договорорите, и дека по изборите ќе се одржи втората заедничка седница на двете влади.

Посветеноста, пак, на инфраструктурните проекти ќе помогне да се зголеми обемот на трговската размена, а теми за разговор на средбата биле и довршувањето на Коридорот 10 и проектот Вардар-Морава-Дунав.

Иницијативата за формирање Македонско – Српски бизнис форум беше презентирана доцна попладневно на македонеско – српскиот бизнис форум во Белград во организација на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Македонија, поддржан од претседателите на Македонија Иванов и на Србија Томислав Николиќ.

На бизнис форумот учествуваат стотина компании од Македонија и од Србија, а главната порака беше дека заеднички настап на трети земји ќе ги зголеми шансите за пласман на компаниите.

Годишно во просек трговската размена меѓу Македонија и Србија е околу 700 милиони долари, а само во првите шест месеци од оваа година изнесувала околу 340 милиони долари.
vucic_prm2 

  Back<<Назад