Претседателот Иванов на прием кај поглаварот на ИВЗ по повод Курбан-бајрам
Понеделник, 12 Септември 2016   

Kurban-bajramПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, присуствуваше на приемот по повод верскиот празник Курбан-бајрам, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи.

Честитајќи го празникот претседателот Иванов, изрази очекување дека припадниците на исламската верска заедница, како нераскинлив дел од македонското општество, и понатаму ќе бидат активни чинители во градењето на соживот во Република Македонија.

Mакедонскиот претседател со своето традиционално присуството на прославите на муслиманските празници и средбите со претставниците на ИВЗ, испраќа пораки дека меѓуверското и меѓурелигиското почитување е наша заедничка цел која единствено може да донесе просперитетна иднина и благосостојба за сите граѓани на Република Македонија.

Kurban-bajram2

  Back<<Назад