|
Средба со сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ
|
|
Понеделник, 12 Септември 2016
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ, бискупот скопски и апостолски егзарх, д-р Киро Стојанов, сестра Марија Према, наследничка на редот на Мајка Тереза и отец Брајан Колодејчух од братството „Мисионери на љубовта.
На средбата, претседателот Иванов изрази задоволство што Папата Франциск назначи специјален папски кардинал за светата понтификална миса што вчера се одржа на плоштадот „Македонија", по повод прогласувањето за светица на Мајка Тереза.
Претседателот Иванов истакна дека скопјани се горди што имаат можност да живеат во родниот град на Мајка Тереза. Добрината, убавината и правдината, додаде претседателот Иванов, Мајка Тереза ги стекнала токму овде, каде што се негува традицијата на почит кон различниот, а почитувањето е повозвишена филозофија од толеранцијата.
Кардиналот Пулиќ истакна дека одбележувањето на канонизацијата на Мајка Тереза испраќа силна порака за Република Македонија, притоа изрази благодарност што претседателот Иванов бил покровител на настанот и додаде дека неговите позитивни впечатоци ќе ги пренесе кај Папата Франциск.
|