|
Состанок посветен на мигрантската криза во Брисел
|
|
|
Претседателот Иванов, на покана на претседателот на Европскиот Совет, г. Доналд Туск, учествува на работен состанок посветен на мигрантската криза, со кој копретседава претседателот на Европската Комисија, г. Жан-Клод Јункер.
На состанокот, покрај претседателот Иванов, присуствуваат и претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ, претседателот на Владата на Република Хрватска, г. Тихомир Орешковиќ и претседателот на Владата на Република Словенија, г. Миро Церар, како и г-ѓа Федерика Могерини, Висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, г. Јоханес Хан, Комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ и г. Берт Коендерс, министер за надворешни работи на Кралството Холандија.
|