Средба со граѓани во Народната канцеларија во Битола
Недела, 24 Јануари 2016   

BITOLA_1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во Народната канцеларија во Битола оствари средба со граѓани на која што се запозна со нивните ставови и мислења околу општествените состојби во Република Македонија и во градот Битола.

Битолчани го информираа македонскиот претседател за нивните предизвици од секојдневниот живот и го запознаа со идеи и предлози, како и нивни размислувања во насока на надминување на тие предизвици.

Претседателот Иванов истакна дека , како и досега така и во иднина, преку сите механизми во негова надлежност ќе се залага за надминување нa предизвиците со коишто се соочуват граѓаните на Република Македонија

  Back<<Назад