Церемонија на свечено менување на државното знаме
Петок, 11 Декември 2015   

znameeВо Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

На церемонијата, покрај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, присуствуваа ученици од ОУ „Невена Георгиева –Дуња" од општина Кисела Вода, како и ученици од ОУ „Кузман Шапкарев" од населбата Драчево.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот на традиционален начин го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

  Back<<Назад