Иванов-Меркел:Македонија и Германија да разменуваат информации во однос на мигрантската и бегалската криза
Понеделник, 30 Ноември 2015   

PRM_I_MERKELНа маргините на Самитот за климатски промени СОР21 што се одржува денес во Париз, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов оствари средба со германската канцеларка г-ѓа Ангела Меркел.

Соговорниците размениja мислења за актуелната мигрантска криза, безбедносните предизвици и состоjбата со европската интеграциjа на Република Македониja.
Канцеларката Меркел го информираше претседателот Иванов за исходот од вчерашниот самит ЕУ-Турциja. Претседателот Иванов ja запозна канцеларката Меркел со мерките што Република Македониja ги превзема за справување со бегалската и мигрантската криза и посебно укажа на фактот што се уште нема ништо од ветената европска помош за македонските институции. Воедно, претседателот Иванов истакна дека Македониja инсистира на присуство на мисиjaта на Фронтекс на jужната граница, а обрна внимание и на недостатокот од директна комуникациja меѓу македонските и грчките институции, на секое потребно ниво.

Претседателот Иванов нагласи дека е неопходно Република Македониja конечно да започне со преговори и потенцираше дека бегалската криза jacно укажува дека земjите од Западниот Балкан требаше одамна целосно да бидат интегрирани во ЕУ.

Беше заклучено дека Македониja и Германиja имаат исти интереси во однос на мигрантската и бегалската криза, како и тоа дека и натаму треба да продолжи и да се продлабочи интензивната комуникациja и размена на информации мегу двете земjи, особено во однос на актуелната мигрантска криза.

  Back<<Назад