Средба со градоначалникот на Солун, претставници на стопанските комори, медиумите и универзитетски професори од Р. Македонија и Р. Грција
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска оствари средба со градоначалникот на Солун, г. Јанис Бутарис, со претставници на стопански комори од Република Македонија и Република Грција, со претставници на медиумите од двете земји и со универзитетски професори.
Средбите на претседателот Иванов следуваат по серија на успешни состаноци на претставници од различни сектори од двете земји на кои се разговараше за заеднички проекти од областа на промоцијата на инвестициите, економската соработка, универзитетската соработка и заеднички проекти од областа на екологијата.
Во поширокиот контекст на мерките за градење доверба помеѓу двете земји, претседателот Иванов истакна дека „заедничката соработка помеѓу двете општества е доказ дека се возможни решенија за предизвиците кои се пред нас, а нештата кои нè поврзуваат се побројни од оние кои нè разделуваат".

|