|
Средба со Димитар Николов, директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки"
|
|
Понеделник, 07 Септември 2015
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска гo прими г. Димитар Николов, директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки". На средбата со г. Николов, беше разговарано за новините во годинешниот програмски концепт на фестивалот, во кој ќе бидат претставени нови теми и содржини кои дополнително ќе ја збогатат понудата на манифестацијата, како и за севкупната организацијата и очекувањата од претстојниот филмски фестивал. Годинешното 36-то издание на „Интернационалниот Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" ќе се одржи од 18 до 27 септември во Битола. Покровител на овој врвен филмски фестивал е Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.
|