Посета на „Златните славејчиња“ во Охрид
Среда, 19 Август 2015   

zlatno_slavejceПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во детското одморалиште „Славејче" во Охрид, ги посети учесниците на детскиот музички фестивал „Златно славејче".

Македонија е горда што го има "Златно славејче". Вашата мисија е поттик за сегашните генерации, но и генерациите кои следат – да продолжат да ги негуваат вистинските вредности, им порача претседателот Иванов на златните славејчиња. Тие низ песна се заблагодарија за континуираната поддршка од македонскиот претседател. Ветија дека неуморно и посветено ќе работат за да постигнат уште поголеми успеси и да ни донесат уште поголеми радости во иднина.

Во 2010 година, по повод 40 годишнината од основањето, фестивалот „Златно славејче" беше одликуван од претседателот Иванов со признание „Повелба на Република Македонија".SLAVEJCE

  Back<<Назад