|
Претседателот Иванов покровител на македонското Претседателство со Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи
|
|
Понеделник, 22 Ноември 2010
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ќе биде покровител на Македонското Претседателство со Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи 2010 – 2011 година. Македонското претседавање со Форумот е сериозен придонес на нашата земја кон регионалните и глобалните напори за градење на побезбеден свет. Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи е водечки европски форум, дел од системот на Меѓународната стратегија за намалување на ризици од катастрофи, која работи на превенцијата на несреќите и катастрофите предизвикани од природата или од човечки фактор и намалувањето на последиците на нивното настанување. Република Македонија и македонската Национална платформа за намалување на ризици, го даваат својот придонес во подготвувањето за подобро намалување на ризиците и справување со несреќите и катастрофите, и во таа насока македонското претседавање со Европскиот форум ќе претставува дополнителен поттик за институциите и субјектите во Република Македонија кои се опфатени со Националната платформа. Како држава, Македонија има високо ценет и развиен модел и систем за проценка и подготовка за ризиците. Како покровител на македонското Претседателство со Европскиот форум, Претседателот Иванов најави иницијатива за организирање на самит на шефови на држави од регионот на Југоисточна Европа и земјите од опкружувањето на Европската Унија.
|