|
Средба на претседателот Иванов со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I.
|
|
|
На маргините на 18 Евроазиски економски самит, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов оствари средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I.
Двајцата соговорници разменија мислења и информации за повеќе актуелни теми од заемен интереси и беа разменети мислења за актуелностите поврзани со нашата црква.
Македонскиот претседател му честита на Вселенскиот патријарх за неговите активности и напори за обезбедување поголемо единство во православната екумена и за помирување на христијанството со другите религии и за таа цел ги поздрави неговите контакти со Папата Франциск, но и со останатите религиски водачи.
|