|
Церемонија на свечено менување на државното знаме
|
|
|
Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
На церемонијата присуствуваа ученици од трето одделение од ОУ „Ѓорѓија Пулевски" и ученици од петто одделение од ОУ „Кочо Рацин" од Скопје.
Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.
Церемонијата е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија, како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.
|