| Средба на претседателот Иванов со Високиот Комесар за човекови права на ОН, г. Зеид Ра’ад Ал Хусеин | |
|
|
Претседателот Иванов истакна дека членството на Република Македонија во Советот за човекови права за периодот 2014-2016 година, претставува огромна чест и сериозна обврска, имајќи ја предвид поддршката што нашата земја ја дава кон ова тело од самото негово основање. „Република Македонија преку членството ќе одигра активна улога и ќе даде суштински придонес во работата и натамошното профилирање на Советот, како заштитник и промотор на универзалните човекови права насекаде низ светот" рече претседателот Иванов и додаде дека нашата држава останува цврсто определена за натамошна промоција на највисоките стандарди за човековите права на меѓународно ниво. Македонскиот претседател го информираше комесарот Ал Хусеин за македонскиот модел на интеграција без асимилација, кој негува највисоки стандарди за заштитата на човековите права и правата на заедниците, и претставува позитивен пример во нашиот регион. Во однос на натамошното унапредување и развој на човековите права во регионот, претседателот Иванов потенцираше дека се потребни дополнителни ангажмани и решителност кои би придонеле за поголем степен на заштита на човековите права.
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на маргините на Форумот Кран Монтана во Женева, денеска оствари средба со Високиот Комесар за човекови права на ОН, г. Зеид Ра'ад Ал Хусеин.










