Прием на делегација на Специјална олимпијада на Македонија
Петок, 01 Октомври 2010   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ја прими делегацијата на Специјална олимпијада на Македонија, која учествуваше на Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада одржани од18-24 септемви во Варшава, Полска.

Повод за средбата беа неодамна завршените Европски Летни Олимписки Игри на кои македонските спортисти имаа извонреден настап постигнувајќи голем успех со освојувањето четири златни, три сребрени и две бронзени медали и тоа во неколку спортови: атлетика, бадмингтон и пинг понг.

На средбата, Претседателот Иванов го пренесе своето високо почитување за работата на Специјалната Олимпијада на Македонија истакнувајќи дека тој лично особено ги подржува активностите поврзани со  лицата со посебни потреби. Токму спортот е еден од најуспешните начини за интеграција и социјализација на лицата со посебни потреби. Оттука активностите на Специјалната олимпијада и настапите на меѓународните спортски манифестации се од особено значење. Благодарение на успесите на спортистите на Специјалната олимпијада Македонија се промовира и нашата земја и нашата култура, истакна претседателот Иванов.

Претставниците на Специјалната Олимпијада го информираа Претседателот Иванов за перманентните успешни резултати на меѓународните натпревари. Исто така тие информираа и за настаните што ќе следат, пред се Летната Светска Олимпијада која ќе се одржи наредното лето во Грција.

  Back<<Назад