Средба со годинaшните лауреати на поетската манифестација „Празник на липите“
Вторник, 24 Јуни 2014   

laureati1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими годинашните лауреати, на традиционалната поетска манифестација, „Празник на липите" и делегација на Друштвото на писатели на Македонија.

Претседателот Иванов на годинaшните лауреати, босанскиот поет, писател и сценарист Абдулах Сидран, и на македонскиот поет Бранко Цветковски им честиташе за наградата „ Книжевно жезло ", како признание за нивната целокупна поетска дејност.

Македонскиот претседател, изрази очекување дека оваа меѓународна поетска манифестација која претставува мост што го поврзува македонското и меѓународно литературно творештво, и ги поврзува поетите од сите меридијани, и во иднина ќе продолжи успешно да биде организирана.

Mанифестација за афирмација на поезијата и книжевноста, „Празник на липите" е во организација на Друштвото на писатели на Македонија, а под покровителство на Град Скопје.
laureati2

  Back<<Назад