|
Сочувство до Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан по повод смртта на Владиката Кирил
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод смртта на Владиката Кирил, митрополит на Полошко-кумановската епархија, упати писмо со сочувство до Архиепископот Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан.
Ваше Блаженство,
Со искрена тага ја примив веста за смртта на Владиката Кирил, митрополит на Полошко-кумановската епархија. Дозволете ми, во мое лично име и во името на сите верници од православна вероисповед, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, како и на целото свештенство и монаштво да ви упатам сочувство и жалење за големата загуба.
Владиката Кирил целокупниот свој живот го посвети на ширењето на христијанската вера и остави траен белег во христијанскиот духовен живот на македонскиот народ. Неговото учење и благородна мисија говорат за промовирање на православието, кое се темели на љубовта, мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранција и солидарност.
Нека во овие моменти на тага Божјиот мир и утеха бидат со Вас. Господ нека Ве благослови со неговото водство и мудрост. Примете го моето искрено сочувство.
Слава му
д-р Ѓорге Иванов
|