Професор Круме Кепески посмртно одликуван со Орден за заслуги за Македонија
Четврток, 17 Јуни 2010   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов потпиша указ со кој посмртно се одликува професор Круме Кепески со Орден за заслуги за Македонија. Орденот за професор Кепески се доделува за високите дострели во неговата долгогодишна образовна дејност. Професор Кепески е автор на првата македонска граматика, со што даде исклучителен придонес во промовирањето и афирмацијата на македонскиот литературен јазик во светот.

 

  Back<<Назад