Да победат оние на кои граѓаните им веруваат - Гласање на претседателот Иванов на локалните избори
Недела, 24 Март 2013   

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на локалните избори во Република Македонија 2013 година гласаше во изборното место 2859 во Скопје, во средното училиште Јосип Броз Тито. По завршувањето на гласањето, претседателот Иванов изјави дека очекува за победници да бидат прогласени оние кои ја заслужуваат довербата на граѓаните.

Ова е денот кога граѓаните го даваат гласот за оние во коишто имаат најмногу доверба, го даваат гласот за оние во кои веруваат дека можат најмногу да сторат за нив и нивните блиски во местата каде што живеат. Очекувам и овие избори да поминат во најдобар можен ред и да им честитаме на победниците, изјави македонскиот претседател откако го оствари своето право на глас.

  Back<<Назад