Средба со Заменик Претседателот на Владата Васко Наумовски
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес (25 мај) го прими Заменик-Претседателот на Владата на Република Македонија д-р Васко Наумовски. На средбата, Наумовски го информираше Претседателот Иванов за активностите кои ги презема Владата на Република Македонија за исполнување на забелешките од последниот Извештај за напредокот подготвен од страна на Европската Комисија. Заменик-Претседателот на Владата Наумовски воедно ги претстави приоритетите во работата на Секретаријатот за Европски Прашања во идниот период. Претседателот Иванов на средбата го подвлече значењето на евро-атланските интеграции за просперитетот на Република Македонија, како земја која со своите вредности во целост припаѓа во европската заедница на држави и народи.
|