| Заеднички да се поддржи сè што е од интерес за граѓаните - Претседателот Иванов во посета на Општина Аеродром | |
|
|
Во рамки на посетата на Општината, претседателот Иванов присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на „Паркот на езерата“, покрај кејот на реката Вардар, збогатен со архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини. Претседателот Иванов посочи дека овој парк ќе им овозможи на граѓаните во мир и тишина да уживаат и да се рекреираат во благодетите што ги нуди просторот. „Честитки за сè што е направено и за овој потфат кој е пример како и другите треба да се однесуваат кон природата. Навистина, ова е извонреден проект,“ истакна шефот на државата, додавајќи дека сè она што е од интерес за граѓаните, треба заеднички да го поддржиме. Ова е општина со голем потенцијал, но престојат уште можности за развој, за што е потребна иницијативност, реализација, но и партнерски однос од другите институции, истакна Претседателот.
„Знаеме дека завршија изборите и ги знаеме резултатите. Очекуваме тоа што сите очекуваат од Грција, односно одговорно да се однесува кон преземените обврски. Грција има обврски кон нас со Времената спогодба, со рамката во Обединетите нации, па и со пресудата од Меѓународниот суд во Хаг. Доколку одговорно се однесува, постои можност да се дојде до решение. Доколку не се однесува одговорно, повторно ќе се одлага процесот и ќе се бараат изговори,“ посочи претседателот Иванов. Коментирајќи дали очекува одговорно однесување од Андонис Самарас, лидерот на Нова демократија, партијата која победи на изборите во Грција, шефот на македонската државата нагласи дека имајќи ја предвид неговата биографија и што сè правел во животот и политиката, во иднина сè е можно. Во рамки на посетата на општина Аеродром, Претседателот го посети и пензионерскиот дом „Јане Сандански“, каде имаше прилика директо од пензионерите да биде запознаен со условите за живот во пензионерските домови, како и иницијативите за нивно подобрување.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ја посети скопската Општина Аеродром, општина која значително вложува во урбанизација, но и во раззеленување на животната средина. На средбата со градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, Претседателот беше запознаен со тековните и планираните проекти и програми на кои општината интензивно работи, меѓу другото и од областите на културата, спортот и особено образованието.
Во контекст на регионалните случувања, на новинарско прашање како ги коментира изборните резултати од Грција и дали сега има простор за разговори околу спорот за името, претседателот Иванов нагласи дека со внимание се следи сето она што се случува во нашата соседна земја.










