News
prmpress
Иванов: Ако се затвори коридорот, Македонија ќе го стори истото што и земјите на ЕУ
Sunday, 25 October 2015 15:00
There are no translations available.

Ако коридорот за транзит на бегалците се затвори ќе мора некаде да се забави протокот на бегалците, затоа во Грција се предвидува таков пункт, но бидејќи Македонија од јужната до северната граница има куса дестинација од 160 километри, нелогично е тие да остануваат. Сепак, капацитетите на Македонија се да згрижат до максимум 2.000 бегалци и тоа со помош на УНХЦР и на Црвениот Крст. Ова го посочи претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на брифингот со новинарите по завршувањето на денешниот мини-Самит на десет ЕУ-земји со Македонија, Србија и Албанија.

Според претседателот Иванов, нашата земја исто така не посакува да се случи затворање на коридорот, но оти во таков случај, она што ќе го превземат членките на ЕУ ќе мора да го стори и нашата држава.

- Македонија е подготвена за сите сценарија, но не сакаме до тоа да дојде. Кооперативни сме да бидеме транзит-зона, бегалците да приоаѓаат и да не остануваат. Се надеваме дека нема да дојде до затворање на границите. Затоа е и свикан овој состанок, за да се најде решение. Се разговара за можни солуции и Македонија затоа учествува. За жал не сме во ЕУ, но мора да имаме информации за да се справиме со сите предизвици со кои се соочуваме во однос на бегалците, напомена македонскиот претседател.

Заблагодарувајќи му се на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за тоа што Македонија за првпат учествува во работата кога се расправа за прашање од регионот, претседателот Иванов рече дека бегалската криза е голем предизвик, не само за ЕУ, туку за цела Европа како континент. Тој посочи дека се расправало како да се најдат решенија за овој огромен предизвик.

- За разлика од бегалците од Сирија и Ирак кои сакат да се вратат во своите домови, бегалците од Африка тоа го немаат. Тоа ја усложнува состојбата, бидејќи нема размена на информации, нема комуникација меѓу сите земји на овој коридор. Македонија, како и во други случаи и во овој случај е парадокс, бидејќи сите бегалци доаѓаат од територија на ЕУ. Тоа го потенцирав и во мојот говор, бегалците требаше да дојдат за да се укаже кој е најбрзиот приод на Блискиот Исток кон Европа. Многумина заборавиле кои се коридорите кои одат кон ЕУ и ЕУ сега се соочува со овој предизвик од територија надвор од ЕУ, а тоа пред се е Турција, посочи претседателот Иванов.

Според македонскиот претседател, на овој состанок се отвориле многу прашања, бидејќи досега секоја земја на свој начин го решава овој проблем. Но, со овој состанок се доаѓа до заедничко решавање и на ЕУ и на кандидатите за членство во Унијата и земјите на патот на коридорот на бегалците. Според него, се работи на изготвување на документ кој треба да ги земе предвид сите забелешки, што ќе доведе до регулирање на досега нерегулираните прашања меѓу членките и нечленките на ЕУ.

- За нас како земји на коридорот е интерес што коридорот е уште отворен, а тоа е заслуга на германската канцеларка Ангела Меркел која овозможува бегалците да се движат. Ако се затвори било која членка, тоа ќе ја усложни ситуацијата оти нашата земја и регионот немаат капацитет и можности да се соочат со толкав број на бегалци. Тоа за нас и Србија, но и за Хрватска и Словенија, кои се исто така премногу финансиски истрошени, ќе биде проблем, посочи претседателот Иванов.

Претседателот на Република Македонија додаде дека за Македонија е сето ова огромен товар и оти сите ресурси се од сопствениот буџет. Досега Македонија добила само 90 илјади евра средства од ЕУ, а месечно троши милион евра за трошоци за безбедносните сили. Низ Македонија, според претседателот Иванов, поминале 7.000 деца без родители и затоа земјата бара финансиска, но и техничка помош, бидејќи нема опрема за земање на биометриски податоци кои би се користеле и од други земји на патот на регионот.

Тој посочи дека нема размена на информации меѓу службите, бидејќи мигрантите доаѓаат од кризни подрачја зафатени со воени операции и меѓу нив има луѓе од Балканот што се странски борци во Сирија и Ирак кои преку бранот на бегалци се враќаат. Македонскиот претседател посочи дека за нив треба процес на дерадикализација и социјализација. Тој рече дека не е решение тие луѓе да се апсат и носат во затвори, каде ќе инфицираат затвореници со идеи кои ги повеле да одат во Сирија и Ирак.

- Иако Македонија нема финансиска помош, земјата се снаоѓа и единствено може да биде транзит-земја. Македонија нема капацитет за да може да задржи поголем број бегалци на своја територија ако коридорот се затвори, дециден е претседателот Иванов.
За тоа дали е можно европската гранична служба Фронтекс да се постави на границата меѓу Грција и Македонија, претседателот Иванов рече дека Грците се против.

- Грција е против тој предлог за поставување на Фронтекс на границата, поради нивното јавно мислење. Ќе го видиме финалниот текст. Грција инсистира тие прашања билатерално да се решаваат. Имавме разговор со нивниот премиер Алексис Ципрас, да ја истакнеме неопходноста од размена на податоци, кои засега ги немаме. Пред се за тоа колку од островите од Грција доаѓаат на Пиреја и колку оттаму накај Македонија. Некогаш и по десет илјади бегалци ненајавено доаѓаат. Соработката е на ниско ниво и потребна е размена меѓу министерствата и владите. Разменуваме информации со Србија и Хрватска преку полициите и такви информации ни се потребни и од грчка страна. Ципрас вети ќе се заложи да ги добиваме информациите, да најавуваат колку и кој ден доаѓаат бегалци и размена на чувствителни информации во врска со прашања на службите, одговори Претседателот.

Според македонскиот претседател, има многу информации до кои нашата држаца нема пристап, бидејќи Македонија ниту има пристап до базата со податоци на Фронтекс, ниту до оние на Шенген-зоната. А, според него и информации кои ние ги имаме на терен немаме кому да ги соопштиме што е важно за тоа каде одат мигрантите.

- Сето тоа е поради односите со Грција и нашето отворено прашање со оваа земја, па соработката на тој план не е досега соодветна. Цирпас вети дека ќе се заложи службите да разменуваат податоци и грчките официјални органи да соопштуваат кога ќе стапнат бегалците на тлото на Грција, истакна претседателот Иванов.

За тоа дали станало збор и за безбедносните прашања што може да ги предизвика бегалската криза, македонскиот претседател рече дека акцент се ставило на овој мини-Самит и на хуманитарноста и почитувањето на Женевската конвенција. Тој рече дека е штета што Турција не присуствувала на овој состанок за да може да ги каже своите ставови за ова прашање.

- Грција е прва земја-членка на ЕУ што мора да обезбеди капацитети каде бранот на бегалците ќе бидат сместени и згрижени додека не бидат транзитирани. Затоа оваа земја инсистира на капацитет од 30 илјади бегалци што да може да ги згрижат и дополнителни 20 илјади бегалци. За тоа Грција ќе добие помош од ЕУ да обезбеди прифаќање до крајот на годината на овие дополнителни 20 илјади бегалци.

На крајот на брифингот со новинарите, запрашан за можноста од крах на политичкиот договор од Пржино што може да доведе до губење на препораката за почеток на пристапните преговори со ЕУ од страна на Еврокомисијата, претседателот Иванов посочи дека е во Брисел заради мигрантската криза и побара да се остават лидери на политичките партии кои превзеле обврска и потпишале договор, па тоа што го потпишале и да го реализираат и дека е нивна обврската и одговорноста.

Преговорите за уредување на 17-те точки-заклучоци на лидерите на 13-те земји на мигрантската рута продолжија и после полноќ во Брисел.

prmpress1

covermigranti
Имаме нова реалност, бројот на бегалците се зголемува – претседателот Иванов го посети прифатниот центар во Гевгелија
Thursday, 22 October 2015 12:34
There are no translations available.

poseta_begalci_3Справувањето со мигрантската криза за Македонија претставува голем напор и оптоварување на сите наши буџетски средства. Сепак, покажавме дека можеме да се справиме со овој предизвик, иако сите ресурси се до максимум искористени, порача претседателот на Република д-р Ѓорге Иванов, по денешната посета на прифатниот центар во Гевгелија, каде се згрижуваат мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија.

Претседателот Иванов констатираше дека Македонија се соочува со нова реалност и, според информациите на терен, наместо да се намалува, бројот на бегалците се зголемува. Се случувало и прилив од 1.000 бегалци за само еден час, а дневно да транзитираат и до 10.000 лица.

- Оваа балканска рута - коридорот 10 се покажа дека е најбрзиот пат за бегалците и се повеќе се користи токму оваа рута и тоа се гледа во вакви услови - напливот на бегалци се зголемува. Како држава покажавме дека можеме да се справиме со овој предизвик иако сите средства речиси се искористени до максимум. Неопходна ни е помош и материјална и финансиска, меѓутоа има потреба и од многу опрема која е неопходна за да може да се справиме со овој предизвик, истакна претседателот Иванов, посочувајќи дека само безбедносните служби месечно трошат околу еден милион евра. За изминатите пет месеци, како што рече, Македонија потрошила пет милиони евра непланирани средства само за безбедносните служби, а притоа не сметајќи ги трошоците за здравство како и услугите на Министерството за труд и социјална политика.

Македонскиот претседател посочи дека на сите негови меѓународни настапи барал Македонија да биде вклучена во носењето одлуки на ЕУ што се однесуваат на балканскиот мигрантски коридор. - Се гледа дека ова ќе трае и ќе мора нашата земја да се прилагоди, бидејќи живееме на најбрзиот коридор. Ова на некој начин е и порака до ЕУ, затоа што водела погрешна политика во однос на интегрирањето. Ако Македонија и Србија беа дел од Европската унија, тогаш многу поуспешно ќе се справувавме со сето ова, порача претседателот Иванов.

Одговарајќи на новинарско прашање, Иванов рече дека финансиската помош од Европската унија се уште не е пристигната. Нагласи дека Македонија и Србија иако не се дел од ЕУ, сепак ги трпат последиците од нефункционирање на институциите во самата Европска унија, македонскиот претседател порача дека на вонредниот самит во недела свикан од претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, очекува поголема синхронизација и соработка меѓу институциите, додавајќи притоа дека е неприфатливо што некои држави се раководат само од сопствените интереси.
poseta_begalci_2- Очекуваме многу поголема координација, соработка на службите, особено вклучување на Македонија и Србија во информациите кои се од безбедносен карактер, бидејќи не станува збор само за бегалци, туку постојат предизвици за кои мора да се разменуваат информации кои се чувствителни, порача претседателот Иванов, истакнувајќи дека ова прашање не може бирократски да се решава, туку е потребно секојдневно менаџирање.

Секој ден мора да се има удел од сите организации, и меѓународните и нашите и европските институции, за да можат овие луѓе кои ги снашла ваква судбина, со кои навистина сочувствуваме, полесно да го поминат овој коридор, и до дестинациите до кои се упатиле, да стигнат без сите трауми кои што досега ги проживеале, додаде македонскиот претседател.

Претседателот Иванов изрази благодарност до сите државни институции, до армијата, полицијата, меѓународните организации, УНХЦР, меѓународната организација за миграција, до Црвениот крст како хуманитарна организација, до невладините организации, младите правници кои нудат бесплатна правна помош, и до сите хумани поединци кои помагаат во справување со бегалската криза.
Begalci_003
На новинарско прашање во врска со политичката криза и договорот од Пржино, претседателот Иванов истакна дека обврска на политичките лидери е тоа што го договориле и роковите што ги поставиле да ги почитуваат, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, коментирајќи ги последните случувања поврзани со политичката криза.

-Нашите политички лидери се согласиле да постигнат договор и го потпишале. Со тоа што го потпишале, презеле обврска да го извршат. Така што, нивна обврска е сето тоа што го презеле, и роковите кои што ги поставиле, да ги почитуваат. За жал како одминува времето и како се пробиваат роковите и не се исполнуваат преземените обврски, ни се усложнува состојбата. Предолго трае оваа криза во државата и навистина секој треба да биде одговорен и да ја сноси својата одговорност, затоа што решенијата се одлoжуваат, рече претседателот Иванов, за време на неговата денешна посета на прифатниот центар за мигранти во Гевгелија.

Македонскиот претседател побара одговорност од вклучените страни во разговорите, бидејќи, како што рече, трпението на населението е при крај.

-Уште еднаш ги повикувам сите вклучени во целиот овој процес, да постапуваат онака како што се договориле, затоа што трпението на населението е веќе при крај. Сето тоа влијае и на бизнисот, влијае и на планирањата, влијае на тоа што луѓето го замислиле да го остварат во својот живот. Неопходна е многу поголема одговорност на сите што се вклучени во целиот процес, изјави претседателот Иванов.
Претседателот Иванов денеска ја посети јужната гранична линија и прифатниот центар во Гевгелија, каде надлежните од армијата и полицијата го брифираа за тековните мерки и активности кои ги преземаат при влез, транзитирање и излез на мигрантите, како и за капацитетите со кои располагаат, и за нивните потреби.

Ова е втора посета на македонскиот претседател на јужната граница. Во јули Иванов иницираше Армијата на Република Македонија да се ангажира со помош и поддршка на припадниците на МВР, а со цел подобрување на контролата на границите.
poseta_begalci_5

prm_huawei
Доделување на сертификати за стипендии од компанијата „Хуавеј“, на студенти од Република Македонија
Monday, 19 October 2015 13:15
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на настан за доделување на сертификати за стипендии од компанијата „Хуавеј“, на студенти од Република Македонија, за учество во програмата „Семиња за иднината".

Претседателот Иванов во своето обраќање истакна дека настанот е еден од плодовите на одличната соработка меѓу Република Македонија и Кина. Тој ги охраби студентите да учат и да се надградуваат.

„Искрено ме радува што ја искористивте можноста што нашите партнери од „Хуавеј“ ви ја понудија со програмата. Тоа ви овозможи да ги проширите вашите знаења и вештини од областа на ИТ технологии. Тоа е особено важно денес, во нашиот хиперповрзан свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени, предизвици и можности", истакна претседателот Иванов.

Во тој контекст македонскиот претседател додаде дека „Хуавеј“ дава пример за општествена одговорност, и потсети дека компанијата во 2014 година беше главниот спонзор на обуката за млади лидери, што секоја година се организира во Охрид.

„Семиња за иднината" како програма ги поттикнува земјите од различни региони да учествуваат во градењето на дигиталното општество. Од 2008 година овој програм овозможува Хуавеј да соработува со локалните средини со цел да го сподели своето ИТ искуство.

Директорот на „Хуавеј Македонија“, Ли Хан посочи дека околу 1.000 студенти од целиот свет го посетиле и учеле во седиштето на Хуавеј. Некои од нив се приклучиле кон „Хуавеј“ или кон други компании.

„Хуавеј засадува долгорочни корени во Македонија, да го подобри инвестирањето и соработката во Македонија, развивајќи се заедно со социјалната и позитивно општествена одговорност, во 2015 година Хуавеј е единствен спонзор на Меѓународната регулаторна конференција 2015 во Македонија и единствен спонзор на македонската национална кошаркарска фондација Супер Куп", истакна Ли Хин.

Ова е првпат, рече тој, Македонија да учествува во ваков проект каде што студенти од пет различни универзитети кои студираат ИТ технологии имале привилегија да патуваат во Кина.

Од 12 до 26 септември, 10 студенти од 5 универзитети од Република Македонија, во Пекинг и Шенџен имале можност преку учество на разни работилници, практична работа и запознавање со експерти од Хуавеј да се стекнат со искуство од ИТ технологијата.
prm_huawei_1

 
Start < Prev 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Next > End
Page 65 of 198