Посета на општините Кавадарци и Радовиш
Sunday, 18 October 2015 00:00   
There are no translations available.

osvetuvanje_crkva_KavadarcПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата г-ѓа Маја Иванова, присуствуваа на осветувањето на новоизградената црква „Света Параскева Преподобна", во Кавадарци.

„Чест е да се присуствува на осветувањето на овој прекрасниот храм. Храмовите се места каде верниците доаѓаат по својата вера, надеж и љубов. Се надевам дека овој храм на сите верници од Кавадарци и околината ќе им донесе многу радост, многу среќа и вербата во Бога да ја негуваат, учествувајќи на сите настани кои ќе се одбележуваат во оваа црква", рече македонскиот претседател.

Претседателот Иванов заедно со својата сопруга, г-ѓа Маја Иванова, денеска го и посетија манастирот „Свети Великомаченик Георгиј", во селото Ораовица, и манифестацијата „Самун ем татлија" во Радовиш.

  Back<<Назад