Изјава на претседателот Иванов пред почетокот на лидерскиот состанок посветен на приливот на бегалци низ балканската рута
Sunday, 25 October 2015 00:00   
There are no translations available.

prmizjavaАко не се држиме заедно - ќе висиме одделно, порача претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска во Брисел, пред почетокот на мини Самитот на десет земји-членки на Европската унија со Македонија, Србија и Албанија, посветен на бегалската криза.

Претседателот Иванов на новинарско прашање ја посочи слабата соработка на Грција со Македонија околу мигрантите и исакна дека тоа е клучното барање од македонска страна на овој состанок на највисоко ниво.

- Ова е момент кога треба да се покаже колку соседите меѓу себе се солидарни заедно да одговорат на предизвиците. Ние очекуваме дека Грција ќе соработува во поглед на оваа европска криза и дека ќе ги разменува податоците што се неопходни за да знаеме како да се справуваме, бидејќи имаме денови кога и до десет илјади бегалци ни доаѓаат на територија на Република Македонија. Комуникацијата со Грција ни е на многу ниско ниво. Немаме соработка меѓу министерства, ниту пак на владите, рече претседателот Иванов пред почетокот на мини Самитот.

Запрашан што очекува од состанокот на Македонија со ЕУ за ова прашање, македонскиот претседател посочи дека ова е предизвик со кој не се соочува само ЕУ, туку и целиот европски континент и во таа пригода го цитираше основачот на Соединетите Американски Држави:

- Сега е момент да се покаже колку можеме ние да се соочиме со овој предизвик, бидејќи ова не е предизвик за ЕУ, туку ова е предизвик за целиот европски континент. Има една поучна мисла на Бенџамин Френклин и таа гласи: „Ако не се држиме заедно - ќе висиме одделно!", порача македонскиот претседател.

  Back<<Назад