News
Bokova
Претседателот Иванов на средби со Генералниот директор на УНЕСКО, г-ѓа Ирина Бокова и Генералниот секретар на Меѓународната организација на Франкофонијата, г-ѓа Микаела Жан
Monday, 16 November 2015 20:01
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по денешното обраќање на лидерскиот форум во Париз, оствари одвоени средби со Генералниот директор на УНЕСКО, г-ѓа Ирина Бокова и со Генералниот секретар на Меѓународната организација на Франкофонијата, г-ѓа Микаела Жан, на кои беше изразена едногласна осуда на терористичките напади во Париз.

На средбата со г-ѓа Бокова, двајцата соговорници ја потврдија традиционално одличната соработка меѓу Република Македонија и УНЕСКО, и изразија подготвеност за нејзино проширување во насока на натамошна реализација на проекти, кои ја промовира‎ат Македонија како лидер за меѓурелигиски дијалог, соживот и почитување на различностите.

На средбата беа разменети мислења околу актуелните случувања во Македонија, регионот и Европа, информации за улогата на УНЕСКО во однос на бегалската криза, како и за тековните реформски процеси, но и предизвици во светската организација.

Претседателот Иванов и честиташе на г-ѓа Бокова за 70 годишниот јубилеј од основањето на УНЕСКО, и исткна дека Македонија и натаму ќе ја поддржува улогата на УНЕСКО во промовирање на мирот и безбедноста, како активностите во заштита на светското културно наследство и културната разновидност, вклучително и заштитата на човековите права.

„Македонија ги поддржува програмите на УНЕСКО и плановите за развој на образованието, ‎и правиме исклучителни напори за зачувување на културно-историско наследство кое го поседуваме", рече претседателот Иванов.

Македонскиот претседател изрази благодарност за поддршката која УНЕСКО континуирано и ја дава на Република Македонија и притоа го поздрави отворањето на двете катедри на УНЕСКО на Филозофскиот факултет за интеркултурни студии и истражувања и Школата за медиуми, основањето на повеќе клубови на УНЕСКО, вклучувањето на неколку училишта од Македонија во мрежата на УНЕСКО на „Здружени училишта", како и впишувањето на две културни добра на репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.

На средбата г-ѓа Бокова истакна дека присуството на претседателот Иванов на 70 годишниот јубилеј од основањето на УНЕСКО непосредно по терористичките напади во Париз доволно говори за одговорниот пристап и вниманието кое претседателот Иванов го посветува на УНЕСКО, но и за солидарноста кон францускиот народ.

Посебен акцент во разговорите беше ставен на улогата на младите, и подготовката на млади лидери за иднината во сите области на живеењето. Бокова упати честитки за вниманието кое претседателот Иванов го посветува преку Школата за лидери и ја прифати поканата да учествува на Школата. Двајцата соговорници се согласија дека образованието за сите е клучно во справувањето со сите предизвици, со кои денес се соочува човештвото.

ZanНа средбата со ГС на Меѓународната организација на Франкофонијата, македонскиот претседател и честиташе на г-ѓа Жан за преземањето на функцијата Генерален секретар и истакна дека Македонија активно ја поддржува оваа асоцијација во нејзините активности насочени кон решавање на кризи, спречување конфликти и поддршка на земјите во зајакнувањето на правната држава и развојот на демократијата.

ГС на Меѓународната организација на Франкофонијата изрази задоволство од средбата со претседателот Иванов и се заблагодари за ангажманот на Република Македонија во промоција на вредностите на мирот, демократијата, човекови права, толеранција, солидарност, јазична и културна разновидност.

Посочувајќи ја свесноста за потребата од јакнење на присуството на францускиот јазик, претседателот Иванов на средбата порача дека Република Македонија и натаму ќе вложува напори за афирмација на франкофонските вредности и на францускиот јазик, што традиционално се негуваат во нашата земја. На овој план неопходна е поддршка и поинтензивна соработка со МОФ, додаде Иванов.

Претседателот Иванов упати покана до г-ѓа Жан да ја посети Република Македонија и да учествува на Меѓународната Школа за млади лидери, што на годишно ниво се одржува по иницијатива на македонскиот претседател.

г-ѓа Микаела Жан, го поздрави и назначувањето на личниот претставник во Постојаниот совет на Франкофонијата од страна на Претседателот на Република Македонија.

Република Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006 година, а македонското учество во Франкофонијата позитивно се одразува и врз севкупните односи и соработката со Француската Република.

Во рамки на учеството на лидерскиот форум на УНЕСКО, претседателот Иванов денеска оствари неформални средби и со претседателот на Бугарија, г. Росен Плевнелиев, како и со поранешниот Генерален директор на УНЕСКО, г. Коичиро Мацура.

dojran2
Претседателот Иванов во обиколка на јужната гранична линија
Saturday, 14 November 2015 12:42
There are no translations available.

Поради последните случувања со бегалската криза, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по денешната обиколка на јужната гранична линија, најави дека вечерва ќе го свика Советот за безбедност.

„Армијата веќе аларамира дека има се повеќе лица кои излегуваат од Котата 59 и илегално преминуваат на премини кои не се одбележани. Тоа ќе подразбира презмење посебни мерки од страна на АРМ со цел да се насочуваат тие лица кои избегнуваат да бидат регистрирани. Штом избегнуваат да бидат регистрирани тоа дава основано сомневање дека станува збор за лица, кои секако, немаат добри намери", изјави претседателот Иванов.

Терористичките напади во Париз, според македонскиот претседател ќе имаат реакција и врз бегалската криза.

„Гледаме утрово веќе многу земји имаат сосем поинаков пристап и кон прашањата за бегалците и прашањето за безбедноста и терористичките закани, затоа што може да се очекува веројатно и на други места слични терористички акти какви што беа синоќа во Париз. Така што, во сите земји на целиот континент безбедноста во овој момент е подигната, тоа го правиме и ние", изјави македонскиот претседател.

Затоа, додаде претседателот Иванов го свикуваме Советот за безбедност, за да се разгледаат активностите кои ни претстојат и сите актуелните настани кои се случуваат.

prm_obikolka_2„Веќе за вечерва во план е свикување на Советот за безбедност, за да ја имаме на увид оваа состојба која ни ја укажа Армијата. Станува збор за повеќе од 8.500 лица кои излегуваат надвор од спомената Кота 59", изјави претседателот Иванов.

Во однос на новинарското прашање дали Македонија ќе гради бегалски кампови претседателот Иванов појасни дека неговиот став што го пренел и на самитот во Брисел, е дека Македонија има капацитет за 1.500 лица на југот, кои би транизитирале, и за уште 500 лица на север каде би излегувале.

„Македонија нема да гради бегалски кампови, туку остануваме транзитна зона. Сите овие настани кои денес и вчера се случуваат, ќе ги променат политиките на земјите-членки на ЕУ, затоа што очигледно е дека коридорот кој го отворија бегалците, сега го користат мигрантите, но и странски терористички борци. Јас лично барав ФРОНТЕКС да се распореди на грчко – македонската граница бидејќи тоа е европска граница, и да ги евидентира оние кои излегуваат од ЕУ. Одговорот беше дека тоа се уште е чувствително прашање и има негативна атмосфера меѓу јавноста во Грција. Меѓутоа очигледно е дека Грција не сака да евидентира кој излегува од нејзината територија", рече претседателот Иванов.

На прашањето што од договорот на Самитот во Брисел досега е спроведено, претседателот Иванов изјави дека досега Македонија добила само 90.000 евра помош од Црвениот крст на Италија за нашиот Црвен крст.

prm_obikolka_4„Италија најави дека сега ќе ни помогне со стотици илјади евра, но онаа најавена помош од ЕУ, уште не сум информиран од надлежните институции дека е добиена. Оправдувањето е дека се работи за бирократски процедури, меѓутоа нам ни е сега неопходна помошта и јавно сите податоци се изнесени дека ангажирањето на армијата и полицијата за обезбедување на премини и насочување кон Кота 59 ја чини нашата држава по еден милион евра месечно, без да се земат предвид сите трошоци кои ги имаат хуманитарните организации, Црвениот Крст, НВО-и, бидејќи на тие луѓе им е неопходна и медицинска помош, храна, вода, бидејќи има се поголем број на деца кои патуваат без родители, тоа бара извонредни напори и ангажмани, меѓутоа како што сум информиран, помошта досега се уште не е добиена", рече Иванов.

Запрашан што ќе прави Македонија, по најавите од одредени земји за затворање на границите, македонскиот претседател изјави дека станува збор за контролирано насочување на бегалците кон пунктови, каде треба да бидат регистрирани, а не за затварање на границата. Претседателот Иванов додаде дека поради оваа нова појава која и кај нас е присутна, а тоа е бегалците да не одат на оние пунктови каде треба да се регистрираат и организирано да се транспортираат, секоја земја си презема свои мерки.

„Во таа функција е и ова извидување што го имаме со армијата деновиве, да ги видиме сите тие порозни места во кои влегуваат во нашата држава мигранти надвор од точката, и армијата заедно со полицијата ќе ни предложат кои мерки да бидат преземени. Управувачкиот комитет ќе одржи седница за овие прашања, состојбата се следи, надлежните институции си ги одржуваат сите свои надлежности според Законот за справување со кризи, бидејќи Македонија е единствена земја што воведе кризна состојба и ние имаме кризно подрачје каде важат посебни активности и посебни мерки кои ги преземаат надлежните институции", појасни македонскиот претседател.

Претседателот Иванов денеска беше во обиколка и увид на извршувањето на редовните задачи на силите на армијата во подрачјето зафатено со кризна состојба. Македонскиот претседател ја посети јужната гранична линија кај Дојран, Гевгелија и прифатниот центар за мигранти.
prm_obikolka_3

zname1
Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
Friday, 13 November 2015 13:57
nedev1
Светскиот шампион, каратистот Недев на прием кај претседателот Иванов
Friday, 13 November 2015 12:58
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими каратистот Дејан Недев, по повод освојувањето на златниот медал на Обединетиот Светски карате шампионат, што од 14 до 18 октомври се одржа во Копер, Република Словенија.

На средбата претседателот Иванов упати честитки за постигнатиот успех, истакнувајќи дека освојувањето на златниот медал од каратистот Недев е исклучително позитивен пример за сите млади спортисти како достојно да ја претставуваат Република Македонија на спортските натпреварувања.

Каратистот Недев го запозна претседателот Иванов со неговите тековни ангажмани и идни планови во кариерата и изрази надеж дека во блиска иднина каратето ќе стекне квалификација на олимписки спорт.

На Обединетиот Светски карате Шампионат во традиционално, генерално и контактно карате учествуваа вкупно 1.300 каратисти од 68 земји. Дејан Недев во својата кариера има освоено над 200 медали, а меѓу позначајните се европската титула во Ерусалим во 2011 година и светската вицешампионска титула од Канада 2006 година.

nedev2

 
Start < Prev 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Next > End
Page 63 of 198