Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
Friday, 13 November 2015 13:57   
There are no translations available.

zname1Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

На церемонијата, покрај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, присуствуваа деца од претшколската возраст од ЈДГ „8 Март" и ЈДГ „Весели цветови", од општина Кисела Вода како ученици од V и VII одделение од ООУ „Драга Стојановска", с.Ракотинци, о. Сопиште, и од ОУ „Љубен Лапе", Скопје.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот на традиционален начин го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

zname2

  Back<<Назад