|
Претседателот Иванов: Нападите во Париз - предупредување дека мора да се преземе нешто
|
|
Saturday, 14 November 2015 12:39
|
|
|
There are no translations available.
Ова е голема трагедија и шок за сите. Тероризмот е секаде ист и убива невини луѓе. Справувањето со тероризмот подразбира дека не треба да имаме милост кон таквите настани кои се случуваат секаде. Жално е што невини луѓе гинат, и потресени сме сите кои живееме на овој континент. Ова е предупредување дека мора да се преземе нешто, изјави Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, коментирајќи ги терористичките напади во Париз, во тек на денешната посета на граничната линија кај Дојран.
Претседателот Иванов информира дека утрово остварил и телефонски разговор со француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер, при што изразил сочувство за терористичките напади.
Претседателот Иванов утре требаше да патува во Париз каде беше најавено негово учество на лидерскиот форум во рамки на 38. сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО.
|