News
nmn2014
По шести пат избор на „Најдобар млад научник“ на иницијатива на претседателот Иванов – огласот трае до 31 декември
Saturday, 21 November 2015 10:36
There are no translations available.

Во тек е Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник" за 2015 година, признание што шеста година по ред го доделува Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник" за 2015 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување да биле објавени во релевантно домашно или меѓународно списание и да имаат своја применетост.

Проектот „Најдобар млад научник", инициран од страна на претседателот Иванов, има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

„Нашето досегашно искуство покажува дека во Република Македонија постои голем потенцијал на млад науноистражувачки кадар, посветен на научната мисла и дејност. Оттаму, ги повикувам и охрабрувам сите млади истражувачи да аплицираат на јавниот повик, со цел нивниот успех да биде препознаен", вели проф. д-р Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет во Скопје и претседател на Комисијата за признанието „Најдобар млад научник".

Според Кочов, радува фактот што бројот на апликанти постојано се зголемува и изрази очекување трендот да се задржи и оваа година.

Признанието „Најдобар млад научник" беше прв пат доделено од страна на претседателот Иванов во 2010 година, на м-р Никола Златанов, докторант на Универзитетот на Британска Колумбија, Канада.

Во 2011 година признанието му беше доделено на д-р Трифче Сандев, кој своето високо образование го има стекнато на Институтот за физика, на Природно-математичкиот Факултет – Скопје, каде и ја одбрани неговата докторска теза.

Во 2012 година признанието „Најдобар млад научник" беше доделено на д-р Катерина Бачева, која своето високо образование го има стекнато на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.

Во 2013 година признанието го доби м-р Петар Стојанов, биоинформатичар кој во Броуд Инститјут, Бостон, САД се занимава со биоинформатичка анализа на генетските промени кај малигните заболувања.

Носител на признанието „Најдобар млад научник" за 2014 година е м-р Даниел Денковски, кој работи на полето на електротехника и информациски технологии.

Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2015 година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија.

Заинтересираните своите документи треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2015 година.

nmn2015

Butaris
Meeting with the Mayor of Thessaloniki, representatives of Chambers of Commerce, Media and University Professors from the Republic of Macedonia and the Hellenic Republic
Friday, 20 November 2015 19:48
turci1
Посета на делегација од Република Турција
Friday, 20 November 2015 16:11
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими делегација од Република Турција по повод престојниот „ Ден на пријателство" на лицата со посебни потребни од Македонија и Турција.

На средбата, на која присуствуваше и г-ѓа Маја Иванова, се разговараше за досегашните ангажмани на невладините организации од Република Турција за полесно вклучување во секојдневниот живот на лицата со посебни потреби и можната соработка со претставници и здруженија од Република Македонија. При тоа, беше споменат значајниот ангажман во многу проекти и активности на г-ѓа Маја Иванова за помош на овие лица.

Претседателот Иванов порача дека лицата со посебни потреби заслужуваат посебно внимание со цел да им се овозможат неопходните услови за полесно интегрирање во секојдневните животни текови.

Делегацијата од Република Турција составена од амбасадорот во Република Македонија Н.Е. г.Омур Шолендил, г-ѓа Нимет Баш, поранешна министерка за образование, г-ѓа Тулај Кајнарџа, пратеничка, г. Локман Ајва, г-ѓа Ѓулај Далјан , г-ѓа Зехра Бетул Бајар и д-р Ајлин Чифтчи претставници на Здружението за лица со посебни потреби „Бејаз ај" и Ајше Бохурлер, колумнист, му се заблагодари на претседателот Иванов за досегашната поддршка на активностите за лицата со посебни потреби, потенцирајќи дека ваквите проекти се многу значајни за овие лица, а особено битно е креирањето на јавна свест преку организирање на кампањи за нивна поддршка.
TURCI 

PARIZ1
Претседателот Иванов во Париз им оддаде почит на жртвите во терористичките напади
Tuesday, 17 November 2015 08:48
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го посети местото во близина на концертната сала „Батаклан" во Париз, каде во петокот беше извршен еден од терористичките напади. Во чест на загинатите жртви, претседателот Иванов запали свеќа и положи свежо цвеќе. Стотици граѓани на Париз секојдневно на ова место положуваат цвеќе во чест на загинатите жртви.

„Со самото наше присуство на овој Самит, укажуваме дека целта која што ја имале терористите не ја постигнаа, не не исплашија. Ние дојдовме тука да бидеме солидарни и со Парижаните и со Французите, и да се соочиме со оваа нова реалност, која создава психоза и создава страв кај граѓаните, кај луѓето. Како што кажав во една моја изјава, ова не е напад само на Париз и само на Франција, ова е напад врз целиот цивилизиран свет, уништување на сите придобивки кои се создадени со дијалог и со почитување меѓу луѓето", изјави претседателот Иванов.

Во терористичките напади во Париз вкупно 129 лица го загубија животот и 352 беа ранети. На местата каде беа извршени грозоморните чинови, во текот на целиот ден, спонтано се собираат илјадници граѓани, во знак на осуда на тероризмот и почит кон жртвите. Меѓу загинатите во терористичките напади, немаше македонски државјани. Претседателот Иванов оствари средба и со претставници на македонската дијаспора во Париз.

„На средбата со нив ми беше искажано сето она што се чувствува деновиве во Париз, но и нивната храброст да се соочат со сево ова што се случува. Имаме среќна околност што ниту еден од Македонските граѓани ниту е повреден, ниту бил дел од овие немили настани. Тие испраќаат пораки до сите свои роднини во Македонија, да не се грижат за нив, дека тие се веќе подолго време тука, ги знаат сите околности и се соочуваат со сите овие предизвици што постојат", рече претседателот Иванов.

Претседателот Иванов вчера во Париз се обрати на лидерскиот форум на 38. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО на тема „70 години УНЕСКО - мир и одржлив развој во сложен свет", од каде порача дека повеќе од кога и да е порано, на светот денес му е потребно УНЕСКО и дека нема да дозволиме на терористите да ни ги одземат мирот, слободата и правдата.
CVEKE_PARIZ_2

 
Start < Prev 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Next > End
Page 62 of 198