2015 година
16.11.2015-Учество на лидерскиот форум во рамки на 38. сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО, во Париз.
16.11.2015-Конференција на УНЕСКО во Париз

14.11.2015-Претседателот Иванов свика седница на Советот за безбедност поради безбедносната состојба поврзана со терористичките напади во Париз и предизвиците од мигрантската криза.
14.11.2015-Седница на Советот за безбедност

14.11.2015-Претседателот Иванов, вечерва се потпиша во книгата на жалост во резиденцијата на Амбасадата на Француската Република во Скопје, отворена по повод терористичките напади во Париз и оствари средба со францускиот амбасадор г-ѓа Лоренс Оер.
14.11.2015-Потпишување во книга на жалост по нападите во Париз

14.11.2015-Претседателот Иванов денеска беше во обиколка и увид на извршувањето на редовните задачи на силите на армијата во подрачјето зафатено со кризна состојба, на јужната гранична линија.
14.11.2015-Обиколка на јужната гранична линија

13.11.2015-Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
13.11.2015-Церемонија на свечено менување на државното знаме

13.11.2015-Претседателот Иванов, денеска го прими каратистот Дејан Недев, по повод освојувањето на златниот медал на Обединетиот Светски карате шампионат, што од 14 до 18 октомври се одржа во Копер, Република Словенија.
13.11.2015-Каратистот Недев на прием кај претседателот Иванов

11.11.2015-Претседателот Иванов, денеска се обрати на свеченото отворање на Првиот дипломатски форум на ЦЕИ, во рамки на македонското претседавање со Централно европската иницијатива.
11.11.2015-Свечено отворање на Прв дипломатски форум на ЦЕИ

10.11.2015-Претседателот Иванов денеска го прими амбасадорот Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
10.11.2015-Средба со амбасадорот Аиво Орав

10.11.2015-По повод Светскиот ден на науката, во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, денеска се одржа петтата по ред изложба на иноваторски проекти и експонати на млади научници, под мотото „Квалитетно образование – наука за одржлива иднина за сите”.
10.11.2015-Изложба на иноваторски проекти и експонати на млади научници

09.11.2015-Претседателот Иванов, денеска го прими г. Јалчин Акдоган, заменик - претседател на Владата на Република Турција.
09.11.2015-Средба со заменик - претседателот на РепубликаТурција, г. Акдоган

03.11.2015-Во рамки на посетата на Италијанската Република, претседателот Иванов, денеска оствари средба со претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела.
03.11.2015-Средба со претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела

31.10.2015-Аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост папата Франциск.
31.10.2015-Официјална посета на Државата Ватикан

 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 3 од 15