Претседателот Иванов на церемонијата на отворање на новиот аеродром во Истанбул
|
Понеделник, 29 Октомври 2018
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, заедно со сопругата г-ѓа Маја Иванова, на покана на турскиот претседател, г. Реџеп Таип Ердоган, денеска присуствуваше на свеченото отворање на новиот аеродром во Истанбул.
На свеченото отворање присуствуваа над 50 високи функционери од светот, меѓу кои и претседателот на Република Србија, г. Александар Вучиќ, претседателот на Република Косово, г. Хашим Тачи, претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета и премиерот на Република Бугарија, г. Бојко Борисов.
За почеток, новиот аеродром ќе опслужува 90 милиони патници годишно. Со комплетирањето на другите фази до 2028 година, новиот Истанбулски аеродром ќе биде најфреквентниот аеродром во светот, со капацитет од 200 милиони патници годишно.

|