Претседателот Иванов на инаугурација на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
Понеделник, 09 Јули 2018   

ankara1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на свечената церемонија по повод инаугурацијата на Претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот Иванов му честита на претседателот на Република Турција за победата и за постигнатиот успех на предвремените претседателски и парламентарни избори и му посака успешно извршување на претседателската функција. Македонскиот Претседател се заблагодари за сета досегашна поддршка од Република Турција, и изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји.

На церемонијата што се одржа во Претседателската палата во Анкара, претседателот Ердоган имаше свое обраќање, откако претходно положи заклетва во турскиот Парламент. На свеченоста присуствуваа 22 претседатели на држави и 28 премиери, претседатели на парламенти и министри.

ankara2

  Back<<Назад